Press "Enter" to skip to content

КК Пелистер “профитираше“ од распадот на Охрид, го донесе Мекиќ во Битола

Уште едно засилување донесе Управата на кошаркарскиот клуб Пелистер, по одложувањето на стартот на сезоната поради распадот на КК Охрид, а токму од таму доаѓа во Битола,  репрезентативецот Адем Мекиќ. 

Адем Мекиќ, крилниот кошаркар остана без ангажман, најпрво од МЗТ Скопје, и неколку други, но Управата на Пелистер, го “убеди“ дека проектот КК Пелистер е добар и дека тој треба да се дел од него.

Какво засилување ќе има Пелистер во името на Мекиќ, доволно е да ја погледаме статистиката за минатата сезона која вели дека тој во минатата сезона имаше просек од 13.1 поени по натпреавр , по 5 скокови, по 2.5 асистенции и по 1.5 украдени топки.

Претходно, во изминатата недела, од КК Куманово во Пелистер дојде  и Филип Думиќ, а потпишаа Казарновски, Зекири и Цветковски.