Турнирот го освои екипата на Јанта Волеј од Скопје, второто место е за Струмица Жени, додека Пелистер Волеј беше трет. MVP на турнирот е прогласена Бојана Маројевиќ (ЈВФ).
Јанта Волеј Форца – Струмица Жени 2:0 (25:18; 25:15)
Пелистер Волеј – Струмица Жени 0:2 (21:25; 20:25)
Пелистер Волеј – Јанта Волеј Форца 0:2 (18:25; 19:25)
Во салата на Медицинското училиште во Битола се одржа 7. по ред одбојкарски турнир на кој учествуваа три екипи, а се играше по системот секој со секој на два добиени сета.
Победник на турнирот беше екипата на Јанта Волеј од Скопје, пред екипите на Струмица жени и Пелистер Волеј.
За организацијата на турнирот претседателот на Пелистер Волеј, Александат Темелковски рече:
–Успешно организиран турнир во кој за жал не допатува четвртата екипа од Србија, а трите екипи имаа прилика на две недели пред почетокот на сезоната да видат до каде се со подготовките и со какви екипи ќе стартуваат.
За настапот на Пелистер Волеј на турнирот тренерот, Роберт Митковски рече:
-Иако ги загубивме двата натпревари можиме да сме задоволни со одредени делови од играта во кои и имавме убава предност. Оваа генерација игра прв пат во ваков состав на еден официјален турнир. Ова е далеку од нивниот дострел и радосни сме што во овие девојки се крие огромен потенцијал, па се надеваме дека за краток период ќе дојдат и подобри резултати. Сепак ова е само припремен период па останува уште време за поправање на грешките.
На крајот од турнирот беа прогласени најдобрите поединци: либеро – Мелани Додевска (СТР), коректор – Софија Проковиќ (ЈВФ), техничар – Симона Крстева (СТР), среден блокер – Стефани Најдановска (ПЛВ), примач – Сара Серафимова (ЈВФ).
MVP на турнирот е прогласена Бојана Маројевиќ од екипата на Јанта Волеј.
[ngg src=”galleries” ids=”415″ display=”basic_thumbnail” override_thumbnail_settings=”1″ thumbnail_crop=”0″]






