Тркалезна маса на Педагошкиот факултет во Битола се држа денес на која присуствуваа директори и наставници од битолските училишта. Предавањето го подготви проф. д-р Методија Стојановски, професот на Педагошката академија, кој од пред неколку дена е во пензија, а ова предвање беше на тема „Емоционалните компетенции на наставниците“.
-Емоционални компетенции е да си свесен за она што го работиш, а тоа значи да имаш проценка за тоа што добро работиш, да имаш проценка што си згрешил и каде си згрешил, и ако негогаш згрешиш, да признаеш и да му се извиниш и на учениците. Учениците иако се деца кога ќе прашаат нешто за што можби немаме одговор во моментот, но коже да речеме дека ќе консултирам и јас литература, па утре ќе позборуваме. Не е срамота да му се кажи за утре тоа ќе позборуваме а срамота е да се згреши и погрешно да се воспитува, рече проф. д-р Методија Стојановски за поимот емоционални компетенции.
Емоционалните компетенциисе надградуваат, но еден голем дел од наставниците и воспитувачите треба да си ги носат сосебе. Најзначајно за малите деца се тие емоционални компетенции, се друго што му предаваат нашите наставници ќе можат да го научат и во соработка со родители, во консултации со ученици, но она како ќе го пренеси наставникот и како ќе ги прифати децата од најмала возраст тоа ќе остани во нивните црти до крајот на животот и така тие ќе ги изградиме како позитивни личности. Ако кон нив се однесуваме човечки, толерираме, прифаќаме помалку ќе имаме конфликти, недоразбирања и сите проблеми полесно ќе ги решаваме, рече проф. д-р Методија Стојановски.
По предавањето на Стојановски на тркалезната маса отворија дискусија за теоретските основи на емоционалните компетенции на наставниците, кои по пат на обуки ќе се реализираат.
-Ако имаме успешни наставници ќе имаме успешни ученици и обратно, и можеби цел овај систем и пропусти на нашето образование и воопшто во општествениот живот на Македонија потекнува од основното образование. Колку имаме повредни наставници, повредни ученици ќе имаме и подобра држава, рече проф. д-р Методија Стојановски.

Тркалезна маса на Педагошкиот факултет на тема “Емоционалните компетенции на наставниците“ (фото)
More from ВестиMore posts in Вести »
- Средба на пријателството – Inner Wheel Club Bitola во Измир (фотогалерија)
- Кадетките на Пелистер Волеј вицешампионки на Македонија
- ЈКП “Водовод“ Битола: прекинато водоснабување во близина на маркет “Анџела“
- Деновиве пред 10 години: Успешно полнолетно 18. издание на Интернационалниот фестивал на монодрамата “Битола 2016“
- Во Битола сончево со мала облачност, температурата до 15 степени





