Врз основа на основниот договор за изработка на колектори за фекални води за Бегова Чешма профил 1 и профол 2 – Битола, која го има склучено КЈП “Нискоградба“ – Битола со Општина Битола, а врз основа на сообраќајниот проект за времен режим на сообраќај, известуваме:
-Сообраќајот на потегот од црквата во село Трново до откупниот пункт на млекарата ќе биде во прекин секој работен ден, од периодот од 8 до 15 часот, освен во недела, во временски период од три недели, почнувајчи од 10 октомври 2019 година.
КЈП “Нискоградба“






