Press "Enter" to skip to content

Учениците од ОУ “Св. Климент Охридски“ кодираа и програмираа на ФИКТ (фото)

По повод одбележувањето на Европската недела за кодирање, Националниот центар за развој на иновации и претприемачко учење во соработка со Факултетот за информатички и комуникациски технологии од Битола и ОУ “Св. Климент Охридски“, реализираат настани поврзани со кодирањето и програмирањето.Проектен координатор на истите е вонр. проф. д-р Моника Марковска која ја координира комуникацијата и соработката на сите институции за непречено реализирање на настаните.-Денес, во просториите на ФИКТ се одржа првиот настан, насловен како: “Програмирањето може да биде забавно“, Учениците од III одделение од ОУ „Св. Климент Охридски“, под менторство на наставникот м-р Виолета Стевановска и директорката Гордана Атанасова, беа гости на ФИКТ, каде проф. д-р Рамона Маркоска и доц. д-р Никола Рендевски одржаа работилница и предавања за кодирање и програмирање. Учениците имаа можност да видат практично како да пишуваат кодови, да се забавуваат преку вежбите кои беа реализирани од страна на професорите, рече проф. д-р Моника Марковска.На работилница, беа присутни и студенти од ФИКТ кои имаа можност, стекнатите знаења од студирањето да им ги пренесат на најмладите, со цел понатаму да размислуваат како нивна идна професија. Несомнено, е дека овој настан им овозможи на најмладите да се запознаат со една особено актуелна професија на денешницата, професија која нуди широк спектар на можности и овозможува развој и поттикнување на
креативноста, иновативноста и претприемачкиот дух уште од најмала возраст.

Во наредниот период следуваат уште два настани на тема: „Направи робот“ и „Математика преку компјутер“, кој ќе бидат реализирани во ОУ „Св. Климент Охридски“.

More from ВестиMore posts in Вести »