Малата група швајцарски навивачи кои беа на натпреварот во Битола помеѓу Пелистер и Винтертур, од помалку десетина лица, го бодреше својот тим на необичен начин, со навивање со две штичиња.
-Ние очекувавме да дојдат со некое современо навивачко решение, налик на швајцарско ноже, но еве ги гледаш навиваат и прават бука само со по две штичиња, а на нив има заковано по едно ластиче, прокоментира еден навивач на Пелистер.
Кога видоа дека прават необична галама, и кога сите кои беа околу нив се заминаа на друго место на трибината, тие направија уште еден необичен потег.
На битолските пожарникари, кои останаа до нив, а кои мораа по службена должноста да седат до нив, им поделија тампони за уши.






