Press "Enter" to skip to content

Со марш и трибина одбележан Меѓународниот ден на Белиот Стап (фотогалерија)

Националниот сојуз на слепите на Република Македонија денес го одбележува 15 октомври, Меѓународниот ден на Белиот Стап.
Лајонсите познати уште како Витези на светлината настанот, осносно  лајонс клубовите “Кабадаја“ и “Хераклеја“ денес беа организатори маршот и трибината.
Денешното одбележување на Меѓународниот ден на Белиот стап, денес започна со маршот кој го изодеа слепите лица и лицата со попречености, од центарот за социјални грижи од “Карпош“ се до Широк Сокак пред хотелот “Епинал“.
По маршот, Здружението и претставниците на Лајонс Клубовите се упатија кон Центарот за култура на трибина на тема Персонални асистенти.
-Мисијата на 15 октомври-Меѓународниот ден на Белиот стап-Симболот на слепиот човек-признат од Организацијата на Обединетите Нации (ООН) е само една можност да се апелира на тоа да се зголеми вниманието на јавноста кон слепите лица, истовремено да се обрне внимание на пошироката јавност за слепилото и за проблемите со кои секојдневно се соочуваат слепите и слабовидните лица, рекоа денес од Лајонс клубовите, организатори денешните активности.
Лајонсите познати уште како Витези на светлината настанот, лајонс клубовите Кабадаја и Хераклеја денес беа организатори маршот и трибината, упатија апел да се разбудат властите на секое ниво во општеството да земат учество и да овозможат фондови за превенција и едукација за слепилото, како и да се поттикне општествената одговорност кон секој граѓанин. 
-Нашата одговорност и соработка не е само на овој ден, ние сме во постојан контакт со членовите на Здружението на слепи лица и сме запознаени со нивните проблеми и со кои потешкотии се соочуваат во секојневното живеење, рекоа Лајонсите и додадоа:
-Нашата цел е пред се да се поттикне свеста, но и да се помогне на слепите лица на локално ниво. Опремување на Здружението, организирање на обуки и трибини, издавање на првото мени на брајева азбука во Македонија, неформални дружења и средби се само дел од активностите на Лајонс Клубовите.
Бројката на слепи лица во Битола е околу 220 од кои што 120 се целосно слепи.
Дружењето продолжи во ресторан “Премиер Центар“ со симболичен коктел.
More from ВестиMore posts in Вести »