Press "Enter" to skip to content

Првата училишна спортска сала во Битола, во “Трифун Пановски“ се реконструира

Изградено во 1956 година, основното училиште “Д-р Трифун Пановски“, 63 години ги дочекува и испраќа учениците во истата спортска сала, без најмала инвестиција во неа, од изградбата до денес.

Родителите на учениците кои се школуваат во ова училиште, раскажуваат дека со години ги паметат истите услови од периодот кога тие се школувале, со единствената разлика дека од година во година, спортувањето во оваа спортска сала, станува се поотежнато. 

Од пред два дена, со инвестиција на Општина Битола од 906.000 денари, започнува комплетната промена на условите во спортската сала во ОУ “Д-р Трифун Пановски“, која е првата училишна спортска сала, изградена во битолските училишта.

Со градежните активности кои се во тек, ќе се изврши комплетна промена на таванот во салата, ќе биде поставен паркет, ќе се реконструираат ѕидовите, ќе бидат направени нови соблекувални, а комплетно ќе биде променета и состојбата во ходниците каде ќе бидат поставени плочки, а просторните услови ќе добијат целосно променет лик и услови адекватни за учениците.

More from ВестиMore posts in Вести »