Денес во Битола се одржаа внатрепартиските избори за избор на претседател на општинската организација на ДУИ.
За нов претседател едногласно е избран Љутфи Ахмети. Ахмети има 28 години, за време на членувањето во партијата бил на повеќе функции, а бил и шеф на изборен штаб. Ахмети е вработен во Центарот за управување со кризи.
На седницата беа присутни и голем број функционери на ДУИ, на централно и локално ниво.

Љутви Ахмети, нов претседател на битолскиот огранок на ДУИ
More from ВестиMore posts in Вести »





