Press "Enter" to skip to content

Ракометарите на Пелистер освоија три бода во “Кале“

Работнички – Пелистер 29:34 (13:17)

Сала: СРЦ „Кале“ во Скопје. Гледачи: 50. 

Судии: Рубин Седлоски и Горан Ангелески од Прилеп. 

Работнички: Петковски, Куртановиќ, Осман, Михајловиќ, Гичев 1, Фиданов, Барлакоски 1, Темелковски 3, Полијак 5, С. Кочаров, М. Кочаров, Јосифовски, Палевски 7, Бошковски, Сулима 8, Илиевски 3.

Седмерци: 6/9, Исклучувања: 4 мин.

Пелистер: Ристовски, Ивановски, Трајковски, Блажевски, Петровски 8, В. Димитровски 2, Митревски, Мандиќ, И. Димитровски 6, Јовановски, Петковски, Димитров 5, Талевски 10, Илиев, Буторац 3, Вардовски.

Седмерци: 1/1, Исклучувања: 10 мин.

Ракометарите на Пелистер од гостувањето во Скопје, од натпреварот против екипата на Рабонички се враќаат со победа, која им носи нови три бода 29:34, полувреме  13:17.

На отворањето на натпреварот немаше некоја екипа предност, па така првите петнаесетина минути поминаа во израмнета игра и резултат, се до 8:8, кога “пелистерци“ започнаа посериозно да поведуваат, најпво со 8:11, а потоа на крај на полувремето да биде +4 за Пелистер (13:17).

И во вториот дел продолжи доминацијата на Пелистер и контролата на резултатот. Со добра одбрана и ефикасен напад “пелистерци“ стигнаа до +6 (14:20), но, потоа следуваа минути на Работнички со серија од 10:6 (23:25) на средина од второто полувреме. Во последните десет минути разликата  беше 4-5 гола за Пелистер,  за сигурна победа на крајот.

Кај Пелистер најфикасен Талески со 10, Петровски со 8 и Иван Димитровски со 6 гола беа најпрецизни.

More from СпортMore posts in Спорт »