Press "Enter" to skip to content

Акција на Ротари Клубот Битола “Широк Сокак” за собирање храна

Ротари Клубот Битола “Широк Сокак“ се вклучи во одбележување на на 16 октомври – Денот на гладта и  17 октомври-Денот на сиромаштијата.
 
По овој повод се вклучуваме преку организирање на кампања под мотото “Ако не можеш да ги нахраниш сите обезбеди храна барем за еден“, преку собирање на храна за ранливи категории пред двата маркети “Веро“ во Нова Битола и на Широк Сокак, секој ден од среда до недела од 18 до 20 часот.
-Една осмина од светското население живее во екстремен глад и сиромаштија. Милиони жени, мажи и деца умираат секоја година поради хронична ненахранетост – 2 милиони се деца. Хронична ненахранетост не постои само поради недостиг на храна. Се појавува и кога луѓето немаат можност да заработат доволно, да се образуваат и едуцираат, да ги задоволат основните здравствени потреби, е причината поради која Ротари Клубот Битола “Широк Сокак“ ја организира оваа акција.
More from БитолаMore posts in Битола »