Press "Enter" to skip to content

Металург не дојде лесно до бодовите во Битола (фото)

Пелистер – Металург 24:27 (11:15)

Сала: „Боро Чурлевски“ во Битола. Гледачи: 800. 

Судии: Сашо Кркачев и Ѓоко Колевски од Скопје. 

Пелистер: Ристевски, Ивановски, Трајковски 2, Блажевски, Петровски 3, В. Димитровски 4 Митревски, Мандиќ 1, И. Димитриевсаки 2, Петковски, Јовановски, Димитров, Талевски 7, Илиев, Буторац 5, Вардовски.

Седмерци: 2/3, Исклучувања: 12 мин.

Металург: Ѓорѓевски, Мијатовиќ, Кондев, Јагуриновски 6, Поповиќ 4, Пецаковски, Шилегов, Танкоски 2, Мариќ 2, Младеновиќ 1, Вујовиќ, Чантурија 6, Кбилашвили 3, Арсеновски 3.

Седмерци: 1/3, Исклучувања: 16 мин.Во натпреварот од седмото коло, екипата на Пелистер не се предаде така чесно како очекуваа ракометарите на Металург, иаско победата на гостите е сосема заслужена. 

Металург почна со подобра одбрана и лесно дојде до 3:7, а на пристојни -2 (10:12) “пелистерци“ дојдоа на шест минути до крајот на првото полувреме, кое на крај заврши 11:15.Во вториот дел ракометарите беа подобри во одбраната, поефикасни но не успеаја да се доближат резултатски, а дојдоа во завршницата и до -2 гола. Но неискуството го направи своето и Металург победи во Битола.

Најефикасни во домашниот табор беа Талевски со седум и Буторац со пет гола. 

More from СпортMore posts in Спорт »