Во рамки на кампањата на ВМРО-ДПМНЕ која започна да се пременува од пред дваесетина денови, денес во Битола, на Широк Сокак, општинскиот комитет на ВМРО-ДПМНЕ од Битола, организираше собир на кој граѓаните ги нотираа своите проблеми.
Покрај членовите не ВМРО-ДПМНЕ на собирот учествуваа и членови на коалиционите партии, а без и опозиционите советници од Советот на општина Битола.
-Се одлучивме за овој собир, кој е во рамките на кампањата “Разговори за Обнова на Македонија“, за да можат граѓаните ги нотираа своите проблеми, а причината е тоа што градоначалничката Петровска не е достапна за граѓаните и не е присутна на седниците на Советот во Општина Битола. За во соработка со граѓаните решивме сите проблеми да ги изнесиме на јавна сцена, кои се насобрани во изминатите 712 дена владеење на Петровска. Меѓу 712 проблеми проблеми кои се нотирани граѓаните заедно со нас нотираа неспособност, незнаење, неработење, две години парализа на Општина Битола и јавните претпријатија во топлификацијата, гасификацијата, филтрите за РЕК “Битола“, спортски комплекс, зелени површини и во други области, рече Иванчо Тошевски, претседател на ОК на ВМРО-ДПМНЕ од Битола.

Во рамки на кампањата “Разговорите за обнова на Македонија“, битолчани нотираа проблеми на Широк Сокак
More from ВестиMore posts in Вести »
- Во Битола сончево со умерена облачност, попладне услови за дожд, температурата до 25 степени
- Битола памети: пред 37 години, на денешен ден, 10 мај 1989 година, Димитар Илиевски-Мурато го освои највисокиот врв на светот, Монт Еверест (8.848 м)
- Пелистер го победи МЗТ во Битола и закажа “мајсторка“ во Скопје (мега фотогалерија)
- Мицкоски го откри споменикот на хероите Македонци од Туминец, Преспа и Мала Преспа (фотогалерија)
- Малешевиќ: со МЗТ е клучен натпревар оваа сезона, дојдете в сала, потребна е поддрша





