На 20 октомври во СВР Битола, лекар од Детското одделение на Клиничка болница Битола пријавил дека од персонал од Домот за доенчиња од Битола било донесено едномесечно бебе без знаци на живот и без траги на насилство. По наредба на Јавен обвинител врз телото на починатото бебе ќе биде извршена обдукција. Се преземаат мерки за расчистување на настанот.
На 20 октомври во СВР Битола, од Клинички Центар Битола било пријавено дека Б.П.(62) од село Буково починал во болницата. Тој, според пријавата, на 19.10.2019 се здобил со тешки телесни повреди при пад од дрво и бил пренесен во болницата. Се работи на расчистување на случајот.






