Press "Enter" to skip to content

УМС на ОК на ВМРО-ДПМНЕ – Битола го одбележа денот на формирање на ВМРО (фото)

Во малата сала на Центарот за култура во Битола во организација на Унијата на млади сили на ВМРО-ДПМНЕ од Битола, беше одбележан денот на формирање на ВМРО.За формирањето на Организацијата и основачите на ВМРО зборуваше Марко Јосифовски, претседател на УМС од Битола.Во име на УМС беше доделена благодарница на професорот по историја Ѓорѓи Чекутков, за континуираната едукација на членовите на УМС и за неговите активности за одбележување на значајни датуми и годишнини и за предавањата за дејците на Организацијата.Одбележувањето беше завршено со проекција на документарен филм за основачите на ВМРО во продукција на Македонската радио телевизија.

More from ВестиMore posts in Вести »