На покана на светската федерација за реален аикидо, со седиште во Белград, Србија, битолчанецот Ѓуро Илиќ, мајстор за боречки вештини, одржа теоретско предавање и показни вежби на семинарот во Пирот.
На семинарот покрај Илиќ, прадаваа и мајстори за реален аикидо од Србија, предводени од Ана Врачаревиќ, која нагласи дека семинарот бил одлично организиран, а таму бил вистинскиот тим.
-Ова беше семинар кој е планиран во годишните активности на светската федерација за реален аикидо, а на него учествуваа клубовите од Битола, Скопје, Лексовац, Параѓин, Пирот и Белград. Ова е продолжение на соработката помеѓу федерациите за реален аикидо од Србија и Македонија, која од ден на ден се продлабочува. Во брза иднина ќе имаме еден голем настан, во Нови Сад, за што ќе зборуваме наскоро, вели Ѓуро Илиќ, кој додаде дека реалниот аикидо е се поприсутен на овие простори, а се поголем број на луѓе, без разлика на возраста се приклучуваат, пред се за самоодбрана, а ние тренерит сме подготвени на сите да им излеземе во пресрет.
Домаќините на турнирот, пироѓанците, кои се познати по смислата за хумот, од фотографиите од семинарот направија и хумористичен стрип, во кој нашиот мајстор Илиќ е во главните ликови.

Гуро Илиќ, мајстор за реален аикидо, предаваше на семинар во Пирот, а се најде и во стрип за хумор (фото)
More from СпортMore posts in Спорт »
- Никола Митревски: вечерва е натпреварот кој го чекаме, подготвени сме за Логроњо
- Лино Червар пред стартот на европска сцена: мора да играме одбрана, публиката е нашата сила во Битола!
- Три подиуми за АК Олимп на “Ilinden Run“, Крстевска со личен, Бакрачи со национален рекорд
- Пред првиот европски натпревар на Еурофарм Пелистер – фан зона пред сала
- “Братското дерби“ во Битола за “постариот брат“ (фото)





