Press "Enter" to skip to content

“Незаменливиот вкус на традицијата“ во организација на “Зелена берза“ (фотогалерија)

Во хотелот “Премиер“ денес се одржа промотивен настан за поттикнување и развивање на органското производство во организација на здружението за едукација на земјоделци „Зелена берза“.Настанот содржеше мал саем на органски производи, како и предавање за тоа како да дојдат до тој сертификат.-Настанот го носи името “Незаменливиот вкус на традицијата“ и се организира втора години по ред, со цел да ги претставиме традиционалните македонски производи, а имаме и предавање како да се сертифицираат производите да ја имаат додавката органски, односно ја споиме традицијата и органското производство. Денес производителите ќе добијат конкретни одговори на некои прашања како да стигнат до сертификат, а се надевам дека полесно ќе се одлучат за вакво производство. Има потешкотии, но мислам дека неиформираноста е една од причините за што не се решаваат да го сертифицираат проозводството, рече Валентина Соколовска, претседател на здужението за едукација на земјоделци.Настанот беше поддржан од Министерството за земјоделство, шумарство и водостопанство, а Менде Илиевски, раководител на подрачната единица на отворањето на предавањето рече:-Ние како подрачна единица на Министерството за земјоделие, шумарство и водостопанство, ги поддржуваме сите вакви активности, а денешното предавање и трибина ќе биде во насока да ги поддржиме производителите на традиционални и органски производи што повеќе да се занимаат со истото бидејќи пред се тоа е култура и вредности кои ги негува нашиот народ уште од поодамна.Владата презеде конректни мотивирачки активности за производителите, но и тие треба да вложуваат, посебно во знаења за органското производство, им порача заменик министерот Цветковиќ.Менде Димитриевски “ИЗ Ангрофарма“ учесник на предавањето додаде:-Се надевам дека сите кои сме учесници денес ќе научиме по нешто за органското производство од гостите, но ние како поискусни производители, кои долго сме во овој бизнис, можеме да им помогнеме до некои совети на помладите кои сега започнуваат, но и на изготвувачите на пропозициите за добивање на сертификати со кои проблеми се среќавање за полесно и поедноставно да дојдеме до тој сертифакт. Инаку, тука на овој мини саем, видовме доста интересни и уникатни производи, кои сите нас ќе не “натераат“ да размилсуваме во таа насока.Инаку, во државата се сертифицирани околу 1.000 субјекти, дел за растително производство, но има и сточари, пчелари, преработувачи, трговци и други.Во рамки на проект проектот „Незаменливиот вкус на традицијата“ ќе биде објавена публикација посебно корисна за младите да се поттикнат да се занимаваат со земјоделство и традиционален начин на приготвување различни македонски специјалитети.Последниве години забележлив е трендот и зголеменото органско производство, а во 2019 година беа обезбедени 89 милиони денари поддршка, но малите производители се соочуваат со проблеми со пласманот, не се достапни до купувачот, или не се доволно информирани со кои заштитни средства може да се заштитуваат одредени производи, беше денес речено.

More from ВестиMore posts in Вести »