Press "Enter" to skip to content

Со бројни активности одбележан патрониот празник на ОУ “Стив Наумов“ (фото)

Со бројни активности кои ги координираше наставничкиот колегиум на ОУ “Стив Наумов“ и се одвиваа во текот на целата седмица беше одбележан патрониот празник на училиштето.Во прославата по повод патрониот празник беа вклучени сите ученици, почнувајќи од најмалите кои беа најбројните, првачињата, во соработка со нивните мајки и баби, ја остварија работилницата за зачувување на културните вредности, рачна изработка на предмети со раскажување и пренесување на искуствата на најмладите.Оваа година, патрониот празник во ОУ “Стив Наумов“ беше во знакот на екологијата. Темата на која твореа учениците на ликовниот и литературниот конкурс беше “Кажи и гласно на планетата Земја“, се со цел целото внимание да се сврти кон свесно размислување на тоа колку и како може да се продолжи животот на планетата Земја.Дел од наставниците учествуваа на работилница во НУУБ “Св. Климент Охридски“ каде гледаа едукативен цртан филм за грижата на околината, селектирање и рециклирање , како и во Завод музеј, каде се запознаа со минатото и богатата историја.Така, преку бројни еко- работилници, учениците се доближија до поимите селектирање на отпадоци и рециклирање. Беше реализирана и практична активност на селекција на отпад во кругот на училиштето.Не изостанаа спортските активности реализирани од наставниците по физичко воспитание во соработка со нивните колеги од другите училишта, а наставникот Владо Кузмановски одржа историски час со учениците и положија цвеќе на бистата на Стив Наумов. На 24 октомври, во училиштето се одржа и приредбата на која се претставија учениците, хорот и оркестарот на училиштето, со драматизации, забавни содржини, а беше претставена и “Македонската сликовница“,  изработена од страна на Ана Динковска Божиновска и Габриела Мамакис Петковска.На најдобтите ученици кои учествуваа на конкурсите им беа доделени и заслужените награди за ликовниот и литературниот конкурс во рамките на училиштето.

More from БитолаMore posts in Битола »