-Како позначаен и поинтересен настан, кој го имам забележано за крајот на октомври, во мојот стар новинарски бележник, кој треба да се одбележи, е саемот и натпревар за фризури, започна со сеќавањата, Димче Миновски, за пред 10 години.
-Според мене, а ако грешам нека ме исправат, ова беше прв пат некој на ваков начин да го презентира, јас ќе речам, во мое време занает, а сега во модерно време на знам како се нарекува, а слушам многу термини, вели Миновски, доајен на битолското новинарство.
Миновски се присеќава дека настанот бил во диското на Домот на културата, сега Центар за култура, имало многу фризери од Македонија и Балканот, кои се претставиле пред битолската публика, која ја имало во голем, број, а вели дека организаторите имале проблем и со големиот број на битолчани кои сакале да бидат таму.
-Организатор на целиот настан беше Димче Ивановски, сопственик на фризерскиот салон “Кармен“, а ме радува тоа дека тој се уште е во тој бизнис и тоа успешно, а и овој саем на фризури се уште го организира, вели Миновски.
Миновски додава дека моделите и фризурите биле одлични, а на крај биле прогласени и победниците во повеќе категории, а да било сега ќе имало илјадници “слики“ по фејсбук.

Деновиве пред 10 години: саем и натпревар за фризури (фото)
More from БитолаMore posts in Битола »
- Деновиве пред 10 години: Битола доби модерен терен со дренажен систем по највисоките стандарди и критериуми на УЕФА
- Деновиве пред 10 години: УКЛО Битола го прогласи Тома Фила за почесен доктор на науки (фото)
- Одбележана вековната традиција, градско-селски Велигден во Јенимаале во Битола (фото)
- Деновиве пред 10 години: во Битола десетина протести на ГДОМ за крај на кризата и вандализирањата на државните институции во Шарената револуција (фотогалерија)
- Погребението Христово, на Велик Петок, во црквата “Св. Недела“ во Битола (фотогалерија)





