Во преполната сала на Заводот и Музеј се одржа првиот “Artissimus“ фестивал, за кој организаторот Марина Коруновска, вели дека фестивалот се случи по 5 години работа, во која имале 1о концерти и успешни вокални работилници.
Првиот едукативен фестивал “Artissimus“ на својот почеток имаше 20 учесници, кои покажаа дека се талентирани и дека вреди да се вложува во нив во иднина.
На фестивалот настапија: Давид Којдовски, Јане Петровски, Илина Момировска, Мануел Топаловски, Стефан Георгиевски, Ана и Каја Гацовски, Фотина Наумовска, Мила Коруновска, Александра Дрогришка, Елена Мурговска, Емилија Милошевска, Марија Магдалена Башуровска, Јулијана Милошевска, Бојана Мешевска, Елена Василевска, Матеја Стевановска, Иван Петровски, Ива Спасевска, Симона Сиљановска, Мила Николовска и Андреј Стевановски.
Сите учесници беа придружувани од “Artissimus band“ и детскиот хор “Ѕвончиња“.
Се одлучивме за ваков начин на промоција на нашата работа и талентот на децата рече професорката по соло пеење Марина Коруновска, која додаде:
-Овие деца кои пибликата ги виде на сцената воопшто не заостануваат од децата кои се натпреваруваат во разни шоу програми, а единствената предност над вие деца им е тоа што зад нив стојат големи екипи.
Коруновска додаде и дека мотото на “Korunovska music & singing“ е “Ние децата не ги избираме, ние ги развиваме сите“, а тоа го докажал и овој прв едукативен фестивал.

Прв едукативен фестивал “Artissimus“ во организација на “Korunovska music & singing“ (фото)
More from ЗабаваMore posts in Забава »
- Јубилеен концерт на Борче Наумовски- Министерот во Битола, во Хераклеја (фотогалерија)
- “Орфеј No. 8“ во “Расчекор“ Битола ги спои генерациите: Ретро вечер што ги врати спомените и создаде нови (фотогалерија)
- DJ Krazy Slave Keleshovski, Ile The Hair и Николче Терзиевски го враќаат звукот на “Орфеј“ на “Ретро журка No 8“ во “Расчекор“ во Битола
- Влатко Миладиноски и Златко Миладиноски со оркестарот со голем концерт во Хераклеја – спектакуларна вечер на македонска музика, емоции и традиција
- Летна ретро журка “No 8“ во чест на легендарното диско „Орфеј“ – вечер за паметење на 17 јули во Битола





