Вчера на патеката Орман крај Скопје се возеше првата трка од македонскиот шампионат во мотокрос, а трката беше во организација на мото-клубот Вардар од Скопје.
Младиот битолчанец Антонио Дамјановски, беше најдобар во класата МХ85, а убедливо победи, со голема разлика, победувајќи ги противниците со два круга пред нив.
-Ова беше прва трка која се вози за македонскиот шампионат и на која убедливо победив. Се надевам дека и во иднина ќе бидам во врвот во мојата класа, рече скромно Антонио по убедливата победа.
Антонио Дамјановски е ученик, има само 12 години, а многумина во него препознаваат иден шампион, кој ќе ја продолжи традицијата на битолскиот мото-крос, секогаш да има мотокросисти кои ќе бидат во врвот на македонскиот мото-крос и пошироко.
Дамјановски има зад себе десетина трки, а на победничкиот пиедистал бил покрај во Македонија, и во Грција и Србија.






