Press "Enter" to skip to content

Прес на Жаклина Наумовска, секретар на СДСМ-Битола, за градежните активности

Денес се одржа прес-конференција во ОО на СДСМ Битола, на која зборуваше секретарот на битолскиот огранок на партијата, Жаклина Наумомовска, која рече:

-Деновиве, во радиус од нецели 2 километри, има четири активни градилишта на кои граѓаните секојдневно се сведоци. Се реновира Офицерскиот Дом, откако постапката за истиот законски беше испочитувана. Иако претходната власт го стави на продажба, едно
од најглавните ветувања кое го дадовме пред битолчани го остваривме- Офицерскиот дом не само што ќе остане на битолчани, туку тој ќе го врати стариот лик!

Се гради нов детски парк во градскиот парк на познатото битолско шеталиште. Изградбата на паркот се реализира од страна на Центарот за развој на Пелагонискиот плански регион во соработка со Општина Битола.

Градскиот стадион под Тумбе Кафе веќе го добива својот лик. Градежните работи и изградбата на северната трибина се во напредна фаза на реализација. Ветивме дека ќе го вратиме сјајот на спортска Битола и работиме во таа насока!

На крај, улицата Крушевска Република, веднаш до Тумбе кафе, се реконструира и со тоа Градскиот парк и битолското Шеталиште го добиваат својот градски сјај.

Ова е само дел од она што оваа локална власт го прави за Битола, за таа повторно да биде истата конзулска Битола од минатото! На прав пат сме!

More from ВестиMore posts in Вести »