Центарот за развој на Пелагонискиот плански регион денес во Битола ја реализираше првата од серијата обуки во рамките на проектот: Заедничка прекугранична соработка за заштита на населението од природни непогоди и катастрофи предизвикани од човечки фактор ( Ј-CROSS)“.
Оваа прекугранична соработка е финансирана преку програматата за прекугранична соработка “Interreg – IPA CBC 2014-2020“ и Министерството за локална самоуправа, а темата на обуката беше: поплави и свлечишта.
Главен предавач на истата беше проф. Милорад Јовановски од Градежниот факултет во Скопје, а збруваше и Игор Пешевски. Целта на обуката беше подигнување на свеста и унапредување на капацитетите на засегнатите страни за справување со поплави и свлечишта.
Јовановски рече дека во Пелагонискиот регион има свлечишта под Пелистер, делумно по хидросистемот “Стрежево“, како и над обиколницата над Битола.
На обуката учевство зедоа претставници на наделжните институции од регионот, организации кои работат на заштита и превенција од природни непогоди и катастрофи, претставници на општините од регионот, како и на инстутициите партнери на проектот од соседна Грција.






