Press "Enter" to skip to content

“Читаме-Твориме-Слушаме“ со обуки, работилници, изложби, базар… (фото)

Здружението на уметници ракотворци “Македонски ракотворби“ од Битола успешно го спроведе проектот “Читаме-Твориме-Слушаме“ кој беше кофинансиран од Министерството за економија.Со проектот беа опфатени повеќе активности, обуки на жени од повеќе националности, работилници за ракотворби во различни техники, кои се одржаа во прекрасниот амбиент на турскиот објект во старата битолска чаршија каде што сега е сместено кафулето “Бар чаршија“, изложба и базар проследен со многу музика и поезија од мултиконфесионална Битола.Во рамките на проектот беше испечатена и промовирана двојазична брошура на македонски и албански јазик, која прикажува две здруженија и нивната долгогодишна соработка. Станува збор за здруженијата “Македонски ракотворби“ и “22 Нентори“ кои заеднички имаат спроведено многу проекти, манифестации, студиски патувања во странство, работилници  конференции, хуманитарни акциии др.

More from БитолаMore posts in Битола »