Press "Enter" to skip to content

Пелистер со пораз, со примени четири гола, се прости од Купот

Работнички – Пелистер 4:0 (1:0)

Фудбалерите на Пелистер го завршија играњето во фудбалскиот Куп во осминафиналето откако во Скопје убедливо беа поразени од екипата на Работнички со 4:0, полувреме 1:, или конечен резултат по битолските 1:1, 5:1.

“Дебармаалци“ ја имаа иницијативата на стартот, а првиот гол Работнички го постигна во 32 минута, од пенал, а претходно Ганчев играше со рака во казнетиот простор.. Голот го постигна Херера.

Во второто полувреме лоша игра на Пелистер, кој му дозволи на домаќинот да постигне уште три гола. На 2:0 зголеми Марковиќ, а во 63. минута Јевтоски испрати вистински проектил од преку 25 метри за 3:0.  До крајот Тошевски од пенал ги постави конечните 4:0. 

More from СпортMore posts in Спорт »