Press "Enter" to skip to content

Д-р Синиша Трпчевски, од “Плодност“ единствен Македонец кој работи роботска хирургија

Д-р Синиша Трпчевски, специјализант на специјалната болница по гинекологија и акушерство “Плодност“, на 5 ноември ќе биде дел од симпозиум во Австрија, на кој ќе одржи предавање за стандардите на адјувантната терапија кај пациентите со генитален карцином.

Овој симпозиум е акредитиран од страна на лекарската комора на Австрија, а д-р Синиша Трпчевски, ќе биде еден од тројцата предавачи.Во моментов, д-р Трпчевски е дел од онколошкиот гинеколошки тим во Австрија, кој поголемиот дел од операциите ги извршува со робот.

За болницата “Плодност“, успесите на младиот д-р Синиша Трпчевски значат особена гордост, задоволство и радост, како и потврда за нивните светски искуства и практики, уште повеќе што тој е првиот и единствен Македонец, кој работи роботска хирургија.

More from ВестиMore posts in Вести »