Партизан Водно – Пелистер – 61:66 (10:21, 9:12, 20:4, 22:19)
Во рамките на првенствениот натпревар од кадетската кошаркарска лига на Македонија се одигра првото коло, во кое кадетите на Пелистер гостуваа во Скопје.
Екипата на Пелистер со пет коша разлика ја победи екипата на Партизан од Водно, 61:66.
-Ова беше прв натпревар од ова натпреварување, за кадети родени 2004/05 година. Победата ќе значи поголема самодоверба кај сите. Натпреварот го добивме заслужено, а во текот на целиот натпревар имавме водство, рече тренерот Горјан Стојановски.
За Пелистер играа: Филип Цветковски, Андреј Крбалевски 7, Александар Георгиевски, Илијан Блажевски 32, Викторио Халчу 14, Стефан Ристевски, Димитар Сердаров 2, Кирил Стефановски 6, Горги Гајтановски, Филип Илиевски, Дамјан Марковски 5, Кристијан Василевски 2.






