Во пресрет на утрешниот Ден на ослободувањето и доделувањето на наградите за битолчани по тој повод, ќе се потсетиме на добитниците на наградите, започна со сеќавањата за пред 10 години, Димче Миновски, доајен на битолското новинарство.
-Наградата за животно дело во 2009 година му се додели на д-р Јане Димулковски, пораги неговиот огромен придонес во областа на медицината во Битола и македонското здравје, се присеќава Миновски, а за останатите награди вели:
-Награда “4-ти Ноември“ за 2009 година им се додели на Ѓорги Танковски – Лилин и Никола Миновски, афирмирани научни работници од областа на историската наука. Наградата е заради изработката на монографијата „Битола и Битолско во балканските и во Првата светска војна(1912-1918)“.
Наградите им ги додели тогашниот градоначалник на Битола, Владимир Талески.






