Press "Enter" to skip to content

Започна шестдневната обука на студентите од Правниот факултет за Европската конвенција за човекови права (фото)

Денес на Правниот факултет во Битола започна шестдневна обука за Европската конвенција за човекови права која е дел од проектот “Форматека“ кој го спроведува Универзитетот “Св. Климент Охридски“. Координатор на проектот е Ангелина Станојевка која за целите на овој проект рече:-Целта на овој проект е 20 студенти на Правниот факултет да следат обука шест дена која што се однесува на вропската конвенција за човекови права и работата на Европскиот суд за човекови права. На почетокот студентите ќе се запознаат со историјатот на конвенцијата, а потоа ќе обработуваат одредени права од Конвенцијата. Исто така ќе имаат и практични вежби за тоа како се изработува апликацијата за пред Европскиот суд за човекови права, и симулации за тоа како изгледа еден процес пред овој суд. Пред почетокот на обуката студентите имаа и 30 подготвителни часа за изучување на францускиот јазик.УКЛО веќе две години член на Универзитетската франкофонска асоцијација која за Централна и Источна Европа има седиште во Букурешт, е и овој проект е дел од соработката.

-Професорките од Правниот факултет, Станоевска, Ристовска и Касаповска изработија одличен проект кој денес се промовира. Проектот започна со предавање на Маргарита Цаца Николовска, поранешен судија во Судот за човекови права во Стразбур, а ќе следат и други експерти од оваа област. Завршуваме со предавањето на Бонатер, експерт за европски прашања, бивш аташе во Француската амбасада, а сега е во кабинетот на премиерот на Албанија за европски прашања и интегрирање, рече Калиопа Стилиновиќ-Кривашија, почесен француски конзул, која додаде дека бенефитот е голем за студентите и за УКЛО, а тие и ја промовирале на овој начин франкофонијата.Ректорот на УКЛО, проф. д-р Сашо Коруновски ги поддржува ваквите активности и рече:

-Членството во меѓународните асоцијации не цел сама по себе, туку тоа се алатки со кои ја подобруваме нашата интернационализација. Ова е прв проек со оваа асоцијација, Франкофонската, каде сме веќе две години, и со него правиле посилен пробив во тие меѓународни води. Тука има македонски и француски експерти, а студените се изложени на обуки кои во стандардниот курикулум ги нема, а се многу апликативни за нив.Маргарита Цаца Николовска, поранешен судија во Судот за човекови права во Стразбур е прв предавач на обуката на студентите од Прваниот факултет во Битола, за која вели:

-Овој настан е многу ваќен во делот на едукација на студентите и го поздравувам битолскиот правен факултет за поддршката која да даде за овој проект и веќе втора година прави напори да овозможи едукацција на своите студенти, како и учеството на студентите во симулациите пред Европскиот суд и учеството во натпреварите за ораторство. Студентите на ваков начин покажуваат солидна основа за владење на човековите права. А, што се однесува пак до предметите од Македонија пред Европскиот суд за човекови права, бројот се зголемува, а според бројот на жители ние сме межу државите кои имаат голем број на предмети.

С.Р.

More from ВестиMore posts in Вести »