Press "Enter" to skip to content

И годинашниот добитник на наградата за животно дело засади дрво во Алејата на добитниците (фото)

Годинашниот добитник на наградата за животно дело по повод Денот на ослободувањето на Битола, Благој Стефановски – Баге, денес на пладне засади дрво во Алејата на добитниците на оваа награда во Градскиот парк во Битола.

По засадувањето на дрвото, Стефановски рече:

-Секое ново израстување е како еден нов живот. Ова година мене ми припадна честа да бидам добитник на наградата и да засадам дрво во Градскиот парк. Има многу аспекти да се заборува, но најважно е дека продолжува традицијата и дека новите гранки продолжуваат да растат.Градоначалничката на Битола, Наташа Петровска, рече:

-Со својот работен ангажман Благој Стефановски оставил видлив белег во нашиот град и токму затоа ја доби оваа награда. Неговата награда е само додадена вредност на целокупното прославување на празникот на градот. Засадивме уште едно дрво со што ја продолживме традицијата, а се надевам дека во иднина кој и да го регулира овој простор ќе има почит и респект.Петровска ги повика сите битолчани да го погледнат ова место и да се потрудат и да се потрудиме сите заедно да го сочуваме.

Прв добитник на наградата за животно дело кој засади дрво беше ланскиот доботник Виолета Томовска.

С.Р.