Press "Enter" to skip to content

Заменик градоначалникот на Епинал додели дипломи на ученици во “Св. Кирил и Методиј“ (фото)

Заменик градоначалник на градот Епинал, Жак Грасиер, кој ја предводи делегацијата на овој збратимен град од Франција, ја искористи посетата на Битола, по повод Денот на ослободувањето да го посетат и најстарото  основно училиште во градот “Св. Кирил и Методиј“.

Жак Грасиер заедно со почесниот конзул на Франција, во Македонија, Калиопа Кривашија-Стилиновиќ со  претставници на Француската алијанса го посетија ОУ “Св. Кирил и Методиј“ и при тоа им врачија дипломи на учениците кои го изучуваат францускиот јазик од најмала возраст.Почесниот конзул, Калиопа Кривашија-Стилиновиќ, за оваа посета на училиштето ни рече:

-Заменик градоначалник, Жак Грасиер, од градот Епинал кој е збратимен со нашата Битола дојде во посета на нашиот град по повод 4 ноември и при тоа направи кратки средби со сите оние кои ја негуваат француската култура и јазик. При таа посета заедно со претставници на Француската алијанса го посетивме ОУ “Св. Кирил и Методи“ј кое е едно од училиштата кое воведе билингвални паралеки уште пред неколку години  и изучување на француски јазик од најмала возраст односно прво одделение. Сега овие ученици учат во  предметна настава и го усовршуваат знаењето на францускиот јазик и на училиште и во француската алијанса и се стекнаа со дипломи од Министерствот за образование и култура на Франција за повисоки степени и кои имаат меѓународна важност.Наставникот по француски јазик, Весна Алексоска, во училиштето “Св. Кирил и Методиј“ за изучувањето на францускиот јазик рече:

-Многу од учениците кои избираат да го изучуваат францускиот јазик сега во предметна настава 6-9 одделение се од билингвалните паралелки кои започнале да го изучуваат во уште прво одделение. Со тоа францускиот јазик им станува многу близок и се стекнува љубов кон истиот. Дел од учениците посетуваат  и  курсеви што ги организира Француската алијанса. Заради тоа учениците  имаат знаења на многу високо ниво, и заради тоа часовите по француски јазик се исполнети со многу разнпвидни активности и комуникација на француски јазик. Уќениците кои добија дипломи можам да кажа дека се многу солидни и носители на многу проектни активности. Задоволство е да се работи со нив. Добиените дипломи сигурно е дека ќе им бидат поттик за понатаму да го усовршуваат овој јазик, а и можеби и еден ден многу наставници и професори кои ќе бидат на мое место.Каролина Златевска-Потел, директор на Француската алијанса во Битола, истакна:

-Многу од учениците кои добија дипломи започнале да го изучуваат францускиот јазик во алијансата уште на  4-5 годишна возраст. Потоа продолжиле во основно училиште и сега некои од нив во 9 одделение го усовршиле францускиот јазик на ниво на напредните курсеви кои ги изучуваат возрасни кандидати. Тоа се меѓународно признатите “Делф“ 1 и 2 за кои овие ученици добија дипломи од замник градоначаникот на Епинал Жак Грасер. Тие исто така добија и признанија за негување на францускиот јазик и култура. Овие ученици учествуваат во сите активности поврзани со француската култура што ги организира Француската алијанса. Исто така тие доаѓаат  на научните ексурзии кои ги организираме за посета на Франција и други европски држави.

Директорот на ОУ “Св. Кирил и Методиј“ нагласи дека и во иднина ќе продолжи успешната соработка со Француската алијанса која се покажа како успешна и дека учениците се заинтересирани, а се надева дека во иднина со Француската алијанса и со почесниот конзул ќе се реализираат нови проекти, за кои веќе се разговара.

Секако доделените дипломи и признанија ќе бидат поттик за овие ученици за понатамошно усовршување на француски јазик.

Жанета Ристевска