Press "Enter" to skip to content

Потпишан меморандум за соработка меѓу МНД-Битола и “Сајанс“-Велес (фото)

Македонско научно друштво и Здружение за наука и иновации „Сајанс“-Велес, потпишаа меморандум за научна соработка.

Двете здруженија ќе соработуваат врз принципот на континуирана размена на информации, ќе вршат размена на публикации од сопствената издавачка дејност, ќе поттикнуваат и реализираат заеднички регионални, национални и меѓународни проекти.Потписниците ќе организираат научни манифестации, собири, конференции и дебати со кои директно или индиректно се помагаат иновации, развој на заедницата и се афирмира научната мисла во градовите каде што дејствуваат и пошироко.-Нашата намера е секогаш да го прошируваме фондот на знаења со воспоставување нови контакти и соработки во областа на науката и уметноста. Кај колегите од Велес препознавме сериозен партнер со кој во иднина ќе може сериозно да се соработува за добробит на академската фела, но и пошироката јавност од двата града, истакна професор д-р Невена Груевска, претставник на МНД-Битола, и иницијатор за воспоставувањето на соработката со колегите од Велес.

Во име на МНД-Битола, меморандумот го потпиша професор д-р Марјан Танушевски, а за здружението за наука „Сајанс“ од Велес, меморандумот го потпиша претседателот професор д-р Димитар Анастасовски.-Меморандумот ги респектира принципите на професионалност и компетентност во научно-истражувачката дејност, взаемна почит и коректност во соработкатата. Публикациите, научно-истражувачки резултати и активности кои ќе бидат резултат на заедничка соработка се во согласност со меѓународните договори што се однесуваат на правата на интелектуалната сопственост, а тоа со други зборови значи дека од првиот момент потврдивме дека се залагаме за сериозна соработка, рече Анастасовски и најави организација на научен собир и подготовка на заеднички апликации пред фондовите на ЕУ.

More from ВестиMore posts in Вести »