Синиот круг е симбол на Светскиот ден на дијабетесот, 14 ноември, и претставува поддршка и единство на светската јавност во борбата против пандемијата од дијабетес.
Лајонс клубот од Битола оваа година одлучи овој ден да го одбележи на поинаков начин.
Да се создаде уметничко дело преку симболичен перформанс на овој ден кое ќе се подари на Здружението на дијабетичарите на Општина Битола кое конечно после децении лобирање успева да добие свој простор каде што ќе работи.
Подарокот и беше врачен на претседателката на здружението Душанка Атанасовска од страна на д-р Лилјана Нечевска која децении од својата кариера како доктор ја има посветено на грижата за дијабетичарите и Љубица Ангелкова, претседател на Лајонс клубот Битола, кој го организираше овој настан.

“За живот надвор од синиот круг“ -арт перформанс на Буба Мешкова Солак – уметник и член на ЛК Битола
More from ВестиMore posts in Вести »
- Реализирана вежба за евакуација и противпожарна заштита на стадионот во Битола (фотогалерија)
- Еурофарм Пелистер во Битола му даде 45 гола на Ловќен во Регионалната лига (фотогалерија)
- Одржана трета форумска сесија во Општина Новаци
- In memoriam: Никола Богоевски – една од легендите на ФК Пелистер
- Се роди 500-тото бебе годинава во болница “Плодност“, јубилејното





