Press "Enter" to skip to content

Звездите на фестивалот на музиката, Јелена Томашевиќ и Хели Сиекинен засадија дрвца пред Центарот за култура

Акцијата Засади дрво ја стартуваа преку социјални медиуми јавни личности во Македонија, денес продолжи во Битола, каде во паркот пред Центарот за култура, дрвца засадија директорката на Центарот за култура Маја Андоновска – Илиевски и двете ѕвезди кои ќе настапат на Фестивалот.

Свои дрвца денес посадија, покрај директорката и Јелена Томашевиќ и Хели Сиекинен.Томашевиќ ја искористи приликата и да го најави утрешниот концерт за кој рече дека и е големо задоволство ми е што ќе ја прати Камерниот оркестар од Битола, а најави дека по пробата со Камерниот оркестар ќе звучи божествено.

Маја Андоновска Илијевски со денешната акција ги предизвика да го следат нејзиниот пример Гого Видимче директор на Центарот за развој на пелагонискиот регион, Бојан Стефановски директор на НУ Универзитетска библиотека Климент Охридски, Марија Спирковска од театарот во Прилеп.

More from БитолаMore posts in Битола »