Пелистер – Еурофарм Работник 25:24
Вечерва во спортската сала “Младост“ во Битола се одигра контролен, пријателски натпревар помеѓу битолските ракометни суперлигаши, Пелистер и Еурофарм Работник.
Овој натпревар за екипата на Еурофарм Работник е последна контрола на тренерот Илија Темелковски, пред да влезе во последната фаза од подготовките за престојниот натпревар од Челинџ купот кој ќе се одигра в сабота во “Младост“. Од утре, како велат од клубот, ќе се работи на тактичката поставеност на екипата и ќе се анализира противникот.
Во екипата на Пелистер се уште не е назначен тренер по заминувањето на Стевче Алушевски во понеделникот, а тренинзите ги водеа неговите помошници Атанасовски и Велјановски. Екипата денес од клупата ја водеше спортскиот директор, Златко Димитровски. Деновиве се очекува и назначување на нов тренер, кој ќе го води Пелистер во пролетниот дел, односно плеј-офот, а претходно ќе ги заврши и подтоговките до стартот на продолженито на Супер лигата.
Иако резултатот денес не беше на прво место, сепак ќе кажеме дека Пелистер победи со гол предност, 25:24.
Иако натпреварот беше пријателски на трибините имаше околу стотина љубители на ракометот од Битола, кои и во ладната сала дојдоа да водат до каде се двете екипи во подготовките.
С.Р.






