По повеќе од 10 години, Битола беше домаќин на државното првенство во пинг понг за средношколци. со спортската сала на СОУ Гимназија „Јосип Броз Тито“, а првенството е во организација на Сојузот на училишни спортови Битола, а го отвори градоначалничката Наташа Петровска, која ревијално на почетокот на турнирот.
-Она за што сум посебно емотивно врзана е понг понгот, затоа што своевремено бев државен натпреварувач во овој спорт. Ви посакувам успех на ова државно првенство, бидете храбри и никогаш не се откажувајте. Воњата и намерата да направите нешто, секогаш на крајот излегува на виделина, рече Петровска.
Даниел Зхоу Главевски ученик во гимназијата “Јосип Броз Тито, од Битола е второпласиран на државното првенство за средни училишта, кои се одржа во спортската сала на Горната гимназија во Битола.
Главевски беше поразен од Волкановски во најдобриот натпревар на првенството, а по водството на Волкановски од 2:0 по сетови, Главевски израмни на 2:2 по сетови. Иако ја имаше можеби најфголемата поддршка од своите соученици од Гимназијата, и најгласното навивање на пинг-понг, Главевски не успеа во последниот сет, петти по ред, да направи комплетен пресврт и да дојде до титулата.
Мора да се напомене и тоа дека Даниел Зхоу Главевски во полуфиналето го победи и првиот носител и фаворитот за првото место Дамјан Стојчев од Свети Николе со 3:0 (13:11; 11:8; 13:11).
Кај средношколките на крајот на златото му се радуваше Ана Стојановкса која во финалето со 3:0 славеше против Бојана Михајловска.






