Секој ракометар си има своја публика спортската сала кога игра Еурофарм Работник, но по се изгледа Михајло Петровски – Пинки ги има најслатките навивачки.
Неговите две тригодишни внуки од сестра, Јана и Софија беа најмалите навивачи на Еурофарм Работник, брендирани во боите на екипата, па затоа заслужено влегоа на теренот и се радуваа на победата.
Михајло како добар вујко им даде и ракометни топки, па радоста на Јана и Софија беше бескрајна.






