Нашиот сограѓанин и интернационалниот судија, Димитар Митревски денес е назначен за нов спортски директор на машките ракометни репрезентации.
Митревски е назначен на оваа функција по предлог на претседателот на Ракометната федерација на Македонија, Живко Мукаетов, кој во образложението за назначување на Митревски на оваа висока функција во машкиот ракомет рекол дека тој е долги години во ракометниот спорт, а неговата функција ќе биде со репрезентативците на Европското првенство.
Функцијата на Димитар Митревски е поврзана со настапите на репрезенативците на Европското првенство, а дали и понатаму ќе остане на оваа функција ќе се знае по неговото завршување.
Димитар Митревски како ракометен судија работи повеќе од 20 години и бил присутен на сите натпревари на машката репрезентација, а на оваа нова функција, спортски директор, го наследи Милчо Чакарески.






