Веднаш по излегувањето од печат на најновиот роман “Сестра Касијана“ чиј автор е писателот од Битола, Добре Тодоровски, во Битола, во новата сала за промоции на НУУБ “Св. Климент Охридски“ се одржа и промоцијата на оваа книга.
Салата беше премала да ги прими сите оние кои сакаат да бидат дел од промоцијата на оваа нова книга. Ретки се приликите кога толку многу луѓе се присутни на вакви културни настани, а дел и не влегоа во салата, туку ја следеа од холот на библиотеката.
Присутните ги поздрави директорот на НУ УБ “Св. Климент Охридски“, Бојан Стефановски, а за книгата зборуваа промоторите: Билјана Т. Димко, Радован П. Цветковски и Панде Манојлов.
Во романот се обработува реална приказна за два живеани света на носечкиот лик, оној од секојдневното живеење и тематики од монашкиот живот на сестрите монахињи, кои одлучиле животот да го посветат во служење во нашите православни манастири.
-Преку оваа книга направен е обид барем малку да се долови еден таинствен свет исполнет со молитви, немерлива љубов и среќа во славењето на нашиот Господ Бог, посочува авторот Тодоровски.
Книгата е во издание на книгоиздавачката куќа “Матица“ од Скопје.

Салата претесна да ги прими сите на промоцијата на романот “Сестра Касијана“ од Добре Тодоровски (фото)
More from БитолаMore posts in Битола »
- Деновиве пред 10 години: пробивање и комплетна инфраструктура на “Широка“ во Битола (фото)
- Црвениот тепих во Битола на затворањето на “Браќа Манаки“ низ објективот на Дамијана Ристевска (мега фотогалерија)
- Деновови пред 10 години: претседателите на Србија и Македонија, Николиќ и Иванов, на средба во Битола (фото)
- Деновиве пред 10 години: отворен тренинг на тогашниот селектор Лино Червар во Битола за потенцијалните репрезентативци (фото)
- 8. пат “Трчај бе со Алпско“ во Битола – спортски празник со над 1.500 учесници од 18 земји и многу публика, низ повеќе од 100 фотографии





