Еурофарм Работник нема да може да смета на босанскиот ракометен интернационалец, Невен Стјепановиќ, кој денес беше опериран во Австрија, по што ќе мора да помине тежок периот на рехабилитација.
Десниот бек на Еурофарм Работник ќе паузира подолг период, а Еурофарм Работник ќе мора да бара замена за него, по операцијата на лигаментите од коленото.
Босанскиот интернационалец Стјепановиќ повредата ја “заработи“ на натпреварот во Битола, против екипата на Мешков Брест, а имаше надежи дека повредара не е толку лоша, сепак снимките на коленото покажаа дека операцијата е неизбежна.

Невен Стјепановиќ ги оперира лигаментите во Австрија, Еурофарм Работник ќе бара замена
More from СпортMore posts in Спорт »
- Кугланата со нова опрема обезбедена од Општина Битола
- Одбојкарките на Пелистер Волеј со гостинска победа
- Со сигурна игра Пелистер го победи Куманово во Битола (фотогалерија)
- “Двојката“ со гол на крајот на натпреварот дојде до реми
- Фудбалерите на Пелистер со лесна победа и три бода остануваат во врвот на табелата





