“Хепар Центарот“ од Битола денес по седми пат беше дел од европското одбележување на Европска недела за тестирање на Хепатитис и ХИВ, заедно со Светската здравствена организација, Европската асоцијација на пациенти со црнодробни заболувања, ЕУ Центар за јавно здравје, како и домашни здравствени организации и институции.
Активностите на центарот од Битола, започнаа денес на пладне на плоштадот “Магнолија“, а кампањата ќе трае една недела, односно од 22 до 29 ноември, при што ќе се реализираат повеќе активности.
-Од плоштадот “Магнолија“ се одржа марш по Широк Сокак, по повод Европската недела за тестирање на Хепатитис и ХИВ, во која беа вклучени младите од Битола,со цел да се подигне свесноста против овие тивки убиции на 21 век, рече Милан Мишковиќ од НВО “Хепар центар“-Битола, за стартот на активностите и додаде:
-“Хепар Центар“ Битола ве поканува по повод Европската недела за тестирање на Хепатитис и ХИВ да се вклуите заедно со младите од нашиот град, да им овозможиме #ENDHEP Европа & #NOhep за новите генерации во нашата земја и град кампања посветена на младите генерации бидејќи влегуваат во еден период од својот живот каде недоволното информирање ги сместува во една ризична група кој го осознава животото и проблемите кој ги носат предизвиците на 21 век а со самото тоа и модерните инфективни заболувања Хепатитот и ХИВ.
Инаку, околу 25 илјади луѓе во државата се заболени од вирусни хепатити и бројот на аболени лице постојано се зголемува, е некои и не знаат дека се болни. Но, за нив нема лекови на позитивната листа, за терапијата за хепатитис “Б“, која за жал пациентите можат да ја набават само приватно. Што се однесува пак за хепатитис “Ц“, се купува од странство и е скапа. 

“Хепар Центар“ Битола по седми пат дел Европска недела за тестирање на хепатитис и ХИВ (фото)
More from БитолаMore posts in Битола »
- Жените во фокусот: “КС Групацијата“ го одбележа Меѓународниот ден на жената
- Деновиве пред 10 години: нови возови од и кон Битола – ќе сообраќаат во доцните вечерни и ноќни часови (фото)
- Деновиве пред 10 години: универзитет од Битола организира голем концерт на Филхармонија од Минесота (фото)
- Девојките од Пелистер Волеј ја поминаа првата пречка во Купот, убедлива победа во Битола (фотогалерија)
- Деновиве пред 10 години: Дијана Неделковска спортист на Битола за 2015 година (фото)





