Генералниот директор на АД ЕСМ, м-р Васко Ковачевски го посети селото Беранци во општина Битола и изврши увид како се користат средствата што општина Могила ги доби од РЕК Битола врз основа на принципот “Загадувачот плаќа“.
Ковачевски во Беранци рече дека за трите општини од Пелагонискиот регион има определено околу 25 милиони денари, а најмногу ќе добие општина Битола, околу 14 милиони денари. Општините парите ќе ги добијат преку резлизација на проекти за зачувување на животната средина, кои ќе ги предложат, на ист начин како што го направи тоа и општина Могила.
Градоначалнилката на општина Могила рече дека во село Беранци со овие средства е изграден парк во селото, место кое било паркинг за градежни машини, а вакви паркови се градат и во други села.

Пелагониските општини од ЕСМ преку “Загадувачот плаќа“ добија околу 25 милиони денари
More from ВестиMore posts in Вести »
- На УКЛО Битола почнува новата академска година, нов почеток за 1.062 студенти
- Лино Червар по поразот: немавме решени за нивната игра, примивме лесни голови, а паднавме без “испукан куршум“
- Индустриската зона “Жабени“ дел од индустриските паркови/зони, од регионот на Западен Балкан (WB6) и Европската Унија
- Во Битола сончево, температурата до 20 степени
- Пораз на Еурофарм Пелистер во Битола во 1. коло од Лига Европа, а се беше подготвено за успех (фотогалерија)





