Во салата на средното медицинското училиште “Д-р Јован Калаузи“ се одржа “Pro Basketball Skills Camp“ во организација на кошаркрскиот клуб Пелистер и Elite тренерот ball handling I basketball skills, Ивица Јаковлевски.
Како за прво издание на овој камп, организацијата беше одлична, а кампот беше добро посетен, а младите кошаркари имаа шанса да се запознаат со еден нов пристап и начин на работа, кон тренингот кога се работи за индивидуална надградба на кошаркарските способности и кошаркарската игра воопшто.
Младите кошаркари поминаа два дена кои долго ќе ги паметат, а иако тренираа по два тренинга наутро и попладне, посакаа каmпот да трае и подолго, бидејќи дружењето и заедничкото учење на дел од кошаркарските тајни за нив беше предизвик. Новиот начин на работа беше интересен за нив, а како рекоа сакаат за брзо да се повтори.
Предавач на овој “Pro Basketball Skills Camp“ беше Elite тренерот ball handling I basketball skills, Ивица Јаковлевски, кој за кампот во Битола, рече:
-На покана од кошаркарскиот клуб Пелистер присуствував да дводневен “Pro Basketball Skills Camp“ на кој работевме два пати дневно по час и половина наутро и навечер. На кампот присуствуваа околу 30 млади кошаркари – играчи од различни возрасти од Битола, но имаше и гости од Прилеп од клубот Декса. Сите деца кои беа на кампот работеа со висок интензитет и поветеност на секој тренинг. На кампот се работесе на фундаментите на кошаркарската игра на кој беа прикажани многу нови методи и начини на работа. Се работе дриблинзи и движења кои се неопходни за напредок во играта на секој играч, а за самата организација додаде:
-Мене ми претставува голем чест што два дена бев во Битола и работев со талентирани играчи кои напредуваат и вложуваат во себе да се изградат и како личности и спортисти. Благодарност до Пелистер и спортскиот директор Јовче Христовски, за соработката која ќе продолжи и се развива на највисоко ниво.
Организаторот на кампот рече дека и понатаму клубот ќе се труди да има вакви семинари за талентираните млади битолски кошаркари за да можат да напредуваат во кошарката, а упати и благодарност до раководството на ОСМУ “Д-р Јован Калаузи“ и Општина Битола.

“Pro Basketball Skills Camp“ за прв пат се одржа во Битола (фото)
More from СпортMore posts in Спорт »
- Лино Червар по поразот: немавме решени за нивната игра, примивме лесни голови, а паднавме без “испукан куршум“
- Пораз на Еурофарм Пелистер во Битола во 1. коло од Лига Европа, а се беше подготвено за успех (фотогалерија)
- Зелен тепих, роденденска торта, нови членски, фан зона за осмиот играч “Чкембари“ (фото)
- Никола Митревски: вечерва е натпреварот кој го чекаме, подготвени сме за Логроњо
- Лино Червар пред стартот на европска сцена: мора да играме одбрана, публиката е нашата сила во Битола!





