По завршувањето на трибината на ЛДП која се одржа во Народниот тетар во Битола, се одржа и 7. по ред изборно собрание на Либерално-демократската партија-Битола, на кое нов мандат да биде на чело делегатите му дадоа на Александар Касапов.
Ова ќе биде втор по ред мандар на Касапов на функцијата претседател на битолската општинската организација, а сите 120 делегати, учесници на Собранието едногласно гласаа за старо-новиот претседател.
Касапов е долги години член на ЛДП, бил советник во Советот на оптина Битола од редовите на ЛДП, беше директор и на ЈП “Пазари“, а сега е вработен во битолската царинарница.

Александар Касапов со нов мандат на чело на ЛДП – Битола
More from ВестиMore posts in Вести »
- Забрана за риболов на пастрмка во акумулација “Стрежево“
- ОЈО Битола: Поднесено обвинение против интернисти од битолската болница за несовесно лекување со тешки последици
- СВР Битола: три приведување во спортската сала, нападнат малолетник од родител на соученик
- На УКЛО Битола почнува новата академска година, нов почеток за 1.062 студенти
- Лино Червар по поразот: немавме решени за нивната игра, примивме лесни голови, а паднавме без “испукан куршум“





