Пелистер – Металург 2 29:27 (12:12)
Екипата на Пелистер во Битола, во спортката сала “Боро Чурлевски“ ја побеија екипата на Металург 2 во 13. коло од Супер лигата со два гола разлика, 29:27, полувреме 12:12.
Почетокот на натпреварот, помина во израмнета игра, а во таа насока се движеше и целото полувреме, па затоа “ремито“ до одморот (12:12) е најреален резултат, бидејќи двете кипи играа “гол за гол“.
Второто полувреме го одреди победникот, иако стартот повторно беше изедначен, се ди 18:18 кога започна победничката серија на “пелистерци“. Следуваа десетина минути кога гостите немаа запишано гол, а Пелистер постигна серија од шест гола за 24:18 на дестина минути до крајот. Потоа се до крајот беше лесна завршница за “пелистерци до нова победа 29:27.
Повторно најефикасни во тимот на Пелистер беа Димитровски и Талевски со постигнати пет гола.
С.Р.






