Само по неколку дена откако ја презеде екипата на Еурофарм Работник, новиот тренер Илија Темелковски ја победи екипата на Борец и со победа дебитираше на клупата на Еурофарм Работник,само по неколку одработени тренинзи.
Натпеварот започна израмнето и до 6-6, двете екипи неколку пати се менуваа во водството и трипати резултатот беше израмнет. Сепак, Дрогришки и Мајнов во финишот на првиот дел на битолчани им донесоа +2 на одморот.
Клучната фаза во натпреварот беа првите минути во вториот дел, кога момците на Темелковски побегнаа со серија 5-1.
Mајнов со 9 гола се истакна во таборот на Еурофарм Работник, Дрогришки постигна 6, а Златко Мојсоски беше автор на 5 гола.
Пелистер беше слободен, а по пет одиграни кола “пелистерци“ се на врвот на табелата со 12 бода, а само со два бода помалку екипата на Еуро фарм Работник е на второто место.

Супер ракометна лига – мажи – Победа на Еурофарм Работник, Пелистер слободен – Еуродарм Работник – Борец 31:24 (15:13)
More from СпортMore posts in Спорт »
- Елена Костадиновска и Никола Бубевски од Битола се дел од судиската елита на Европското кик бокс првенство во Скопје
- Пораз на Пелистер на домашен терен од тимот на Штип (фотогалерија)
- Деновиве пред 10 години: ФК Пелистер ја обнови својата клубска слава Митровден
- Златевски: играме добро на домашен терен, така ќе биде и вечерва
- Се одржа општинскиот натпревар во стрелаштво (фото)





