Press "Enter" to skip to content

Претставени и нови и “стари“ битолски успешни приказни во рамките на “И од Битола се може(и)“ (фотогалерија)

Синоќа во клуб-кафулето “Порта Џез“ пред голем број на присутни беа претставени три нови стартапи од втората генерација. Маријана Милевска од “ПРЕДА Плус Фондацијата“ рече овој настан го одбележа крајот на оваа веќе стара 2019 година и најави одлични нови успешни приказни за Новата 2020 година.-Со оваа втора генерација на стартапи од октомври интензивно работевме во “ПРЕДА Плус Фондацијата“ и тие ги презентира своите бизнис идеи и планови пред јавноста. Сите видовме дека тоа успешно го направија, а од она што го чувме и видовме се работи за идеи кои се оригинални и, како пто рекое сите добро што им текна, рече Маријана Милевска од “ПРЕДА Плус Фондацијата“.Синоќа беше вистинска прослава на успехот, оној кој допрва ќе се создава од новите стартапи, а пред битолчани се претставија “Бетоф“ со страст ни презентираа за органските чорапи и кошули со кокошка кои ги чекам со нетрпение, “ПАМ“ е идеја за подобрување на животот на луѓето со посебни потреби заснована на сериозна наука, “TrySpicy“ е стартап кој иновативно ќе не води низ гурмански уживања.-Покрај претставувањето на новите “бизниси“ кои да напоменеме добија и сертификати  “ПРЕДА Плус Фондацијата“ на овој настан беа присутни и зборуваа и етаблирани успешни професионалци во Битола, кои својот успех го граделе подолго време, вели Милевска, која додаде дека покрај тоа што говорниците се успешни, тие се членови на најстарите филантропски клубови формирани тука во Битола, “Лајонс клубот“ и “Ротари клуб“.На заеднички настан на кој мотивираа млади луѓе на успех и покажат подготвеност да им помогнат, зборуваа:  Никола Главинче кој ги охрабри дека е подобро да се продолжи огнот на традицијата, наместо да се поклониме на пепелта на предците, Љубица Ангелкова секојдневна инспирација во движење која не ги брои падовите, ами врвовите.Борче Стојановски кој рече дека градењето успешна компанија се заснова врз градењето столбови, но треба да постои и еден т.н резервен столб заради стабилноста и Сашо Јанакиевски ни раскажа како се гради компанија од Битола која постигнува партнерство со најдобрите во Европа.

More from БитолаMore posts in Битола »