Велосипедистите вчера возе “Куп на македонија“ во вело-крос, кој го организираше велосипедскиот клуб “Спид бајк“ од Кичево, кој се одржа на патеката кај Крушино.
Битолските велосипедсти имаа добро возење, а медал освоиј само Ана Крбалевска, златна, во женска категорија, а додека другите велосипедисти имаа потешкотии.
-Тешка трка во Крушино, патеката беше претешка за возење поради обилните дождови кои врнеа предходниот ден, а на самиот ден, вчера, се возече по магливито и студено време. Но, со оглед дека е крај на годината сум задоволен од тоа како возеа нашите велосипедисти, рече Африм Јусуфи, тренер на велосипедистите на 15 Мај од Битола.
Инаку, да споменеме, дека Златко Гецовски поради повреда не стартуваше, Марјан Тасевски со неколку дефеци сепак ја заврши трката, додека Андреј Лешнаров после неколку падови и лесни повреди успеа да ја извози патеката.
Наредна трка во вело-крос ке се вози во Битола на 2 февруари и истата ќе биде државно првенство и воедно и последна трка во вело крос за ова сезона.
Поради одличните резултати на битолските велосипедисти, Федерацијата во Битола ќе ја прави завршната свеченост оваа година, на која ќе бидат доделени наградите за оваа сезона.
С.Р.

Ана Крбалевска победник на вело-кросот во Крушино (фотогалерија)
More from СпортMore posts in Спорт »
- Лино Червар по поразот: немавме решени за нивната игра, примивме лесни голови, а паднавме без “испукан куршум“
- Пораз на Еурофарм Пелистер во Битола во 1. коло од Лига Европа, а се беше подготвено за успех (фотогалерија)
- Зелен тепих, роденденска торта, нови членски, фан зона за осмиот играч “Чкембари“ (фото)
- Никола Митревски: вечерва е натпреварот кој го чекаме, подготвени сме за Логроњо
- Лино Червар пред стартот на европска сцена: мора да играме одбрана, публиката е нашата сила во Битола!





