Press "Enter" to skip to content

КК Младост со две победи на стартот на мини баскет лигата (фото)

За првпат во своето постоење, кошаркарската федерација на Македонија е во улога да организира турнири во мини баскет лига, за генерации на играчи родени 2010/2011 и 2012 година и помлади.
 
Во овој вид на натпреаври планирани се 4 турнири, од кои два во Скопје, а по еден за источна и западна Македонија.
Кошаркарскиот клуб Младост од Битола учестуваше на првиот турнир кој се одржа во Скопје и одигра два натпревари, против врсниците од ТФТ од Скопје и Куманово од Куманово, во кои забележа и две победи.
 
-Мини баскетот овозможува единствена можност момчињата и девојчињата да се запознаат со кошарката на вистински начин, создавајќи ги предусловите за нивно долгорочно занимавање со спорт. Таа се заснова на здрави образовни принципи кои обезбедуваат физички, интелектуален, емоционален и социјален развој на децата. Овозможува можност момчињата и девојчињата да ја почувствуваат целата возбуда и убавината на натпревар, прилагодена на нивната возраст, вели тренерот на Младост, Горјан Стојановски, кој додава:
-Ова е натпреварување во кое победата не е главната цел, иако е голем мотив за спортување. Акцентот е ставен на поттикнување на детскиот талент и подобрување на индивидуалниот квалитет на секоја личност. Ги поттикнува пријателството, уживањето и фер-плејот, со почитување на другите учесници во играта – други играчи, тренери, функционери, судии и родители.
 
С.Р.
More from СпортMore posts in Спорт »