Организаторите, филозофијата “Во кугламе и сме среќни“ успеаја да ја наметнат и на дел од учениците кои им беа на гости од Заводот за рехабилитација на деца со оштетен слух, говор и други пречки во развојот “Кочо Рацин“, единствена установа во земјава од ваков вид.
Она што можеше да се забележи на вечерниот ттенинг беше многу возбуда, многу насмевки.
-Задоволство беше денес да бидеме тренери на овие прекрасни деца, двајца од Битола, едно дете од Прилеп и едно од Кочани. Длабоко веруваме дека енергијата која ја пренесовме преку “Во кугламе и сме среќни“ нема да ги остави рамнодушни и дека наредната недела повторно ќе се видиме на тренинг во поголем број, ќе има и повеќе ученици од “Кочо Рацин“ и девојки кои се испостави дека на оваа возраст подобро играат од машките, рече Игор Михајловски, лидер на проектот и тренер во кугларскиот клуб Пелистер.
Покрај основните чекори кои лесно ги совладаа учениците, пробно се одигра и импровизиран натпревар и секако со победникот од истиот.






